„Ѕвер“ од напаѓач го менува Левандовски во Барса

Познато е дека Роберт Левандовски идната сезона нема да биде дел од Барселона. Полјакот уште пред неколку дена објави дека ова ќе биде неговиот „последен танц“ во дресот на Каталонците, и дека на лето ќе си бара нова средина.

И натаму не е познато каде ќе игра одличниот Левандовски, а Барселона тргна во барање на неговата  замена.

Според информациите од Шпанија, прв „пик“ е легендарниот голгетер на Интер, Лаутаро Мартинез. Сепак, ангажманот ќе оди многу тешко, ако се има во предвид дека Лаутаро веќе неколку пати кажа дека нема намера да го напушти Милано, и дека ќе остане во овој тим до крајот на кариерата.

Се вчитува...