Зверев доби и условна казна за инцидентот во Акапулко

Германскиот тенисер Александар Зверев и условно е суспендиран на осум недели и казнет со 25 илјади долари поради неспортско однесување на турнирот во Акапулко, соопшти АТП.

Како што се наведува, двете казни се условни и ќе бидат активирани во случај да се повтори однесувањето, односно ако до 22. февруари 2023 година направи сличен инцидент.

Германецот ќе има право на жалба на оваа одлука. Третиот играч на светот на турнирот во Акапулко удираше со рекетот по столчето на судијата, после што беше дисквалификуван и во поединечна конкуренција.

Зверев претходно за овој инцидент е казнет со 40.000 долари, а остана и без наградата од 31.570 долари од турнирот и освоените бодови.

Се вчитува...