Германскиот тенисер Александер Зверев, е првиот полуфиналист на Ролан Гарос. Тој денеска со 3-1 во сетови го совлада шпанскиот тенисер Карлос Алкараз. Иако Шпанецот важеше за благ фаворит пред се поради формата, сепак, на крајот поискусниот Зверев успеа да обезбеди место меѓу најдобрите четири.
Првиот сет го доби Зверев со 6-4, иако губеше 1-2. Потоа откако го презеде водството, го држеше до крај и за водство. Вториот сет идентичен како првиот, само што Алкараз водеше 0-1, 1-2 и 2-3. Потоа го загуби сервисот за 4-3, и до крај Зверев одигра без грешка на свој сервис. Сепак, Алкараз го доби третиот сет откако на сервис на Алкараз во последниот гем го намали резултатот на 2-1.
Во последниот сет се играше тај-брејк. И двајцата тенисери имаа серија на изгубен сервис, а Алкараз пропушти една шанса да го добие сетот и да израмни. Сепак, Зверев ја искористи втората меч топка и со 9-7 го доби сетот и мечот.
Зверев во полуфиналето го чека подобриот од Ѓоковиќ – Надал, меч кој се игра вечерва.
Во женските мечеви, во полуфиналето ќе играат Тревисан и Гауф, откако ги совладаа своите противнички Фернандез и Стивенс со 2-1, односно 2-0.
Крадењето авторски текстови е казниво со закон. Преземањето на авторски содржини (текстови и фотографии), како и нивно линкување НЕ е дозволено без согласност од Редакцијата на ЕКИПА