Зверев го продолжува походот кон првата гранд-слем титула

Третиот носител на Австралија опен, Александар Зверев ја прескокна и втората пречка на првио гранд-слем турнир во сезоната. Тој во последниот денешен меч на централниот терен со максимални 3-0 славеше над домашниот тенисер, Џон Милман (6-4, 6-4 и 6-0).

Германецот во третото коло за противник ќе го има Молдавецот, Раду Албот. Единственото изненадување на денешниот ден кај мажите го приреди Французинот, Адриен Манарино кој со 3-0 (6-4, 6-2 и 6-3) славеше над десеттиот носител Полјакот, Хуберт Хуркач.

Во следната фаза во вечерната програма на машкиот дел од турнирот пласман обезбедија и Карен Хачанов и Матео Беретини.

Се вчитува...