Зверев го растури Ѓоковиќ во Дубаи

Александар Зверев славеше на дуелот против Новак Ѓоковиќ во рамките од егзебицискиот турнир во Дубаи со назив „Светска тениска лига“.

Зверев е дел од тимот „Јастреби“ заедно со Доминик Тим и со Анастасија Павличенкова, додека Ѓоковиќ го предводи тимот на „Соколи“, заедно со Григор Димитров и Арина Сабаленка.

Германскиот тенисер одигра доминантно и славеше со 6-3, 6-3. Иако Ѓоковиќ прв стигна до брејк и во првиот и во вториот сет, Зверев имаше одговор и експресно се враќаше, успевајќи да го совлада големиот ривал со максимални 2-0 во сетови.

Овој турнир претставува убава можност за влегување во ритам пред стартот на Австралија Опен, закажан за јануари 2023 година.

Се вчитува...