Зверев го запре Чориќ во четвртфиналето на Мастерсот во Мајами

Германскиот тенисер Александер Зверев се пласираше во полуфиналето на Мастерсот во Мајами откако славеше против Хрватот Борна Чориќ со 6-4,6-4.

Хрватскиот тенисер имаше две брејк топки на почетокот од мечот, но не ги искористи, по што веќе во следниот гем Зверев направи брејк и поведе со 3-2. До крајот Германецот одржуваше предност па го доби првиот сет, а сосема идентична беше ситуацијата и во вториот сет.

Зверев во четвртфиналето ќе игра против Шпанецот Карен-Буста кој славеше против Кевин Андерсон од Јужноафриканската република во одличен меч победувајќи со 2-1 во сетови.

Се вчитува...