Зверев ја помина првата пречка на Австралија опен

Германскиот тенисер, Александар Зверев успешно ја помина првата пречка годинава на Австралија опен, откако во воведниот меч славеше над својот сонародник Даниел Алтмајер со максимални 3-0, по сетови (7-6, 6-1 и 7-6).

Во првиот и третиот сет 87. рекет во светот му пружи голем отпор на фаворитот, додека вториот сет Зверев го доби со убедливи 6-1. Во второто коло третиот носител за противник ќе го има домашниот тенисер Џон Милман кој беше подобар од Шпанецот, Фелисијано Лопез со 3-1 (6-1, 6-3, 4-6 и 7-5).

Пласман во второто коло обезбеди и Појакот, Хуберт Хуркач кој со 3-1 (6-2, 7-6, 6-7 и 6-3) беше подобар од Белорусинот Егор Герасимов.

Се вчитува...