Зверев, по голема борба, до четвртфинале во Шангај

Германскиот тенисер Александар Зверев се пласираше во четвртфиналето на турнирот во Шангај откако го победи Александар Бублик во три сета со 7-6, 4-6, 7-6.

Зверев водеше голема битка со Казахстанецот и славеше дури по речиси три часа игра. Германецот го доби првиот сет во тајбрејк, иако Бублик имаше дури три врзани сет-топки.

Во вториот сет Бублик се врати, чиј дополнителен брејк беше доволен за да го освои сетот и со тоа да влезе во третиот одлучувачки сет.

На крајот, решавачкиот сет му припадна на Зверев, повторно по тај-брејк во кој Германецот беше убедлив со 7-1.

Зверев ќе игра против Австралиецот Алекс Де Минор во четвртфиналето.

Се вчитува...