Зверев против Иснер во финалето на Мастерсот во Мајами

Германскиот тенисер Александер Зверев ќе игра против Американецот Џон Иснер во финалето на Мастерсот во Мајами.

Зверев во полуфиналната пресметка, убедливо согласно играта и низ целиот турнир, славеше против 16-от носител Пабло Карено-Буста од Шпанија во два сета со 7-6(4),6-2.

Претходно Иснер во првото полуфинале беше подобар од Мартин Дел Потро победувајќи со 6-1,7-6 за 81 минута игра.

Се вчитува...