Зверев се извлече против Чилиќ, елиминација на Халеп во Мадрид

Третиот носител Александар Зверев успешно ја помина првата пречка на АТП мастерс 1000 турнирот во Мадрид. Германецот во второто коло славеше над Хрватот, Марин Чилиќ по пресврт со 2-1, по сетови 4-6, 6-4 и 6-4.

Елиминација од турнирот во главниот град на Шпанија, доживеа седмиот носител, Норвежанецот, Каспер Руд кој беше елиминиран од српскиот тенисер, Душан Лајовиќ со 2-1 (7-6, 2-6 и 6-4). Пласман во осминафиналето на машкиот дел од турнирот обезбеди и Британецот, Даниел Еванс.

Кај дамите Тунижанката Онс Жабер направи изненадување, добивајќи ја двојната шампионка Симона Халеп со максимални 2-0, по сетови 6-3 и 6-2.

Се вчитува...