Александер Зверев е вториот финалист на АТП Мастерс 1000 турнирот во Мадрид, откако во второто полуфинале славеше над грчкиот тенисер, Стефанос Циципас со 2-1, по сетови 6-4, 3-6 и 6-2.
Во првиот сет на германскиот тенисер му беше доволен само еден брејк за да го добие со 6-4. Во вториот идентично одговори Гркот, кој исто така со само еден брејк стигна до негово освојување (6-3) и израмнување на 1-1.
Решавачкиот сет подобро го отвори Зверев кој брзо стигна до брејк предност (3-0) која ја задржа до крајот за конечен триумф од 6-2.
Во финалето Зверев ќе игра против новата надеж на светскиот тенис, Карлоз Алкараз од Шпанија кој на патот до финалето ги елиминираше Рафаел Надал во четвртфиналето и Новак Ѓоковиќ во полуфиналето.
Крадењето авторски текстови е казниво со закон. Преземањето на авторски содржини (текстови и фотографии), како и нивно линкување НЕ е дозволено без согласност од Редакцијата на ЕКИПА