Зверев со комплименти до Алкараз: За мене ти си број 1 во светскиот тенис!

Карлос Алкараз оваа година е откритие во светот на тенисот, младиот Шпанец деновиве направи сензационален успех и преку Александер Зверев го освои трофејот на турнирот во Мадрид.

Младиот шпански ас е иднината на тенисот, а доказ за тоа е почитта која веќе ја ужива кај повозрасните колеги. Германецот по мечот за титула кажа многу комплименти на сметка на 19-годишникот.

„Најпрво би сакал да му честитам на Карлос. Во овој момент ти си најдобриот тенисер на светот, број 1. Иако си млад, нè победи сите нас. Во иднина ќе освоиш многу гранслем титули и ќе се искачиш на врвот на АТП-листата“, рече третиот светски рекет.

Алкараз ја продолжи импресивната форма во АТП финалињата. Досега нема ниту еден пораз, а нема ниту еден загубен сет во мечевите за титула.

Се вчитува...