„Зверев требаше да биде потешко казнет, вака нема да ја научи лекцијата“

Поранешната француска тенисерка и освојувачка на Вимблдон од 2013 година, Марион Бартоли, смета дека Александер Зверев требаше да добие поголема казна од АТП.

Таа смета дека тој за инцидентот што го направи во Акапулко мораше да добие поголема казна, бидејќи вака нема да ја научи лекцијата.

„Сето тоа што го направи Зверев на мечот во Акапулко така блиску да замавнува до судијата и видливо да е дека сака да го удри е срамно. Тој може да се вади дека секако немал да го удри туку мавал по столот, но не е така. Според мене требаше да биде казнет барем три турнири да не смее да настапи, на пример Индијан Велс, Мајами и Монте Карло. Најмалку толку заслужи бидејќи вака мислам дека нема да ја научи лекцијата“, изјави Бартоли. 

Се вчитува...