„Ѕверска“ партија: Како Јокиќ си поигруваше со Шарлот (видео)

Никола Јокиќ одигра меч за историја откако оствари фантастичен трипл-дабл на дуелот против Шарлот, завршувајќи го со 40 поени, 27 скокови и 10 асистенции.

Српскиот центар доминираше под обрачите, уште во првото полувреме имаше 20 фатени топки, а за неговото достигнување најдобар доказ е фактот дека Јокиќ е првиот што успеал да стигне до трипл-дабл со најмалку 35 поени и 25 скокови уште од 1968 година, кога тоа му пошло од рака на легендарниот Вилт Чембрлен.

Уживајте во мајсториите на Никола Јокиќ на дуелот со Шарлот…

Се вчитува...