Звезда го нападна селекторот на Србија – „Пикси срам да ти е, итно бараме избори во ФСС“

Трката за титулата во Србија стана многу интересна по триумфот на Црвена Звезда на вечното дерби, па затоа денеска во фокусот на вниманието е сомнителниот пенал што Партизан го доби за да слави на гостувањето против Спартак.

Партизан со многу мака стигна до цел плен на гостувањето против Спартак Суботица, со пенал што во самиот финиш по долга полемика беше досуден за „црно-белите“. Сето ова го коментираа и од Црвена Звезда кои директно за сето ова го нападнаа селекторот на Фудбалскиот сојуз на Србија, Драган Стојковиќ Пикси.

„Денеска се случи грабеж во Суботица. Партизан победи од непостоечки пенал по повик од ВАР собата и незаслужено зеде три бода. Се потсетува на 2017 година. Тогашниот претседател Славиша Кокеза, а денеска тоа е неформалниот претседател на федерацијата Драган Стојковиќ. Има уште многу да се игра и гледаме дека не чека целосно нерамноправен шампионат бидејќи треба да се бориме против обединетата група составена од Партизан и Фудаблскиот сојуз на Србија. Срам да им е и на Пикси и на ФСС. Бараме итно распишување на избори за нов претседател“, стои во соопштението на Звезда. 

Се вчитува...