Ѕвездата на Ливерпул со „совет“ за Клоп: Да сум менаџер би ги купил Де Брујне и Сон

Еден од најдобрите фудбалери на Ливерпул, Трент Александер – Арнолд вели дека доколку тој би бил менаџер на клубот, би се обидел на „Енфилд“ да ги доведе Кевин де Брујне и Сон Хјонг-Мин.

Според него, двајцата се идеални засилувања за „црвените“, но реалноста е дека овие трансфери би можел да ги направи само во видео игра, како „ФИФА“ или „Фудбал менаџер“.

„Де Брујне, бидејќи му се восхитувам како играч. Неговата визија, техниката и неговата прецизност. Неверојатен играч. Шансите и асистенциите кои ги креира се застрашувачки. Сон, уште еден фантастичен играч. Тој има брзина, завршница и смиреност“, изјави десниот бек на Ливерпул.

Се вчитува...