Ѕвезда на ПСЖ има плата од девет милиони евра, а вози комбе (Видео)

Членот на европскиот шампион ПСЖ, Жоао Невеш, го привлече вниманието на јавноста и на фановите, со изборот на возило со кое дојде на тренингот на францускиот тим.

Додека фановите на ПСЖ, се навикнати своите миленици да ги гледаат во луксузни автомобили, Невеш на тренинг дојде со невообичано возило, Пежо партнер.

 

 

Станува збор за возило за достава на роба од 2021 година чија вредност на пазарот на половни автомобили се проценува на околу 8.000 евра.

Интересно е што платата на Невеш изнесува околу девет милиони евра, односно 175.000 евра и поради изборот на возилото, тој ги воодушеви фановите на ПСЖ .

Се вчитува...