Фудбалерот на Борусија Дортмунд, Карим Адејеми е на удар на критики на јавноста во Германија поради неговите катастрофални настапи во дресот на „милионерите“ на почетокот на сезоната. Германските медиуми тврдат дека причина за тоа е неговата девојка, која младиот играч го „врти околу малиот прст“.
На теренот Адејеми мина 261 минута, и не направи ништо значајно, а почнаа критиките на негова адреса. Многумина се прашуваат што е проблемот, а БИЛД открива дека тоа е неговата седум години постара девојка со потекло од Албанија.
Младиот играч е во врска со познатата музичарка Лоредана Зефи, која е по потекло од Албанија, но родена во Швајцарија. Се занимава со рап музика, и многу е популарна во Германија, но и во Албанија. Се претпоставува дека веќе неколку месеци се во врска, но многумина констатираат дека тоа многу влијаело на однесувањето на младата фудбалска ѕвезда која не носи ништо добро за клубот, и многу е тажен во последно време.
View this post on Instagram
Крадењето авторски текстови е казниво со закон. Преземањето на авторски содржини (текстови и фотографии), како и нивно линкување НЕ е дозволено без согласност од Редакцијата на ЕКИПА