Ѕвездата на Мароко ја одби преселбата во Англија: Не е се во парите, сакам да помогнам на клубот

Јусуф Ен-Несири, ѕвездата на Мароко кој блесна на Светското првенство во Катар и беше еден од клучните играчи за најголемиот успех на афричкиот фудбал на континенталните собири оваа зима се најде на радарот на Вест Хем кој за неговите услуги беше подготвен да издвои до 35 милиони евра, но 25-годишникот го одби трансферот во Англија.

Тој се одлучи да остане во Севилја и покрај далеку побогатата понуда и да му помогне на клубот кој се мачи во сезоната и по 16 одиграни меча во Ла Лига има само 15 бода со кои се наоѓа во опасната зона која води во второлигашкиот фудбал.

„Сега не е време за промена, сега треба да бидеме тука едни за други. Им благодарам на сите клубови кои го контактираа мојот агент, но сакам да останам во Севилја. Не е прашање на пари, туку спорт. Сакам да помогнам во тешките моменти. Имаме одлична екипа и од еден во еден напредуваме. Имав и други понуди за заминување, но сите ги одбив. Долга е сезоната, имаме уште за играње. Не очекуваат првенството, Купот и Лига Европа. Ќе дадам се од себе на теренот“, изјави Мароканецот.

Се вчитува...