Ѕвездата на Минесота сака да заигра и во НФЛ

Младата ѕвезда на НБА франшизата на Минесота тимбервулвс Ентони Едвардс изрази желба покрај во кошарката да се проба и во НФЛ лигата. Сезонава тој има просек од 26,1 поен со 5,9 скока и 5,1 асистенции по натпревар, но се чини дека кошарката не му е доволна.

Својот талент и умешност ги покажува и во американскиот фудбал, па не крие дека освен во НБА би сакал да игра и во НФЛ и да стане првиот што ќе заигра во тие две лиги.

„Мислам дека можеби ќе бидам првиот што ќе го направи тоа.  Ќе го направам тоа, но прво треба да завршам некоја работа во НБА. Целата организација во Минесота сака да освои титула. После тоа ќе размислам и за НФЛ“, рече Едвардс.

Доколку на крајот од сезоната потпише продолжување на договорот со Минесота, според кој за пет години би заработил околу 206 милиони долари, ќе му биде забрането сериозно да се занимава со други спортови.

Се вчитува...