Стоперот на Њукасл Јунајтед, Ден Бурн го очекува подолга пауза по повредата заработена на натпреварот против Сандерленд во кој доби удар од страна на противнички фудбалер и заврши во болница.
Во текот на првото полувреме Бурн беше удрен со колено од страна на Мукиеле, а и покрај тоа што се обиде да продолжи со игра, само неколку минути по интервенцијата на медицинските лица мораше да го напушти теренот по што заврши и во болница поради потешкотии со дишење.
Бурн го очекува пауза од шест недели и ќе пропушти најмалку 10 натпревари.
Триесетитригодишникот е само последен кој се запиша во листата на повредени фудбалери на која се уште и Свен Ботман, Кирен Трипиер, Џамал Ласелс и Емил Крафт.
Крадењето авторски текстови е казниво со закон. Преземањето на авторски содржини (текстови и фотографии), како и нивно линкување НЕ е дозволено без согласност од Редакцијата на ЕКИПА

