Ѕвездите во еден глас за Барселона: Стоп на теророт, мирот мора да победи

Најмалку 13 лица го загубија животот, а над 50 се повредени во терористичкиот напад што се случи попладнево во центарот на Барселона, на улицата„Рамблас“ во каталонската престолнина откако возач со бело комбе со огромна брзина налета на толпата народ што се движеше по познатото шеталиште.

Пораки со сочувство до семејствата на загинатите, но и со поддршка за жителите на Барселона доаѓаат од сите страни, па така и од најголемите фудбалски ѕвезди.

Лионел Меси на својот инстаграм профил напиша: Сакам да искажам сочувство и поддршка на семејствата и пријателите на жртвите од страшниот напад на нашата сакана Барелона. Исто така, сакам да нагласам дека треба да го отфрлиме секој вид на насилство. Нема да се откажеме, многу повеќе сме ние кои сакаме да живееме во мир, без омраза и со почит кон секого“.

Луис Суарез додаде: „Шокиран сум од она што се случи во Барсселона. Сета поддршка на градот и на семејствата“.

Ривалството настрана, меѓу првите кои испратија порака со сочувство беше Реал Мадрид.

„Реал Мадрид сака да ја искаже својата огромна така по нападот што денеска беше извршен во градот Барселона. Клубот стои заедно со жртвите, нивните семејства и пријатели. Исто така, посакуваме што побрза рехабилитација на сите повредени во овој инцидент“ – се вели во соопштението на актуелниот европски првак.

Се огласи и Роналдо: Шокиран од вестите кои доаѓаат од Барселона. Поддршка и солидарност за семејствата и пријателите на жртвите, по што и Герет Бејл порача: Моите мисли се кон луѓето од Барселона вечерва. Не на тероризмот, не на диктатурата на стравот.

   

Се вчитува...