Звонимир Бобан се враќа во Милан

Звонимир Бобан се враќа во Милан, пренесуваат италијанските медиуми. Тие наведуваат дека во тек се „мировни преговори“ меѓу Бобан и извршниот претседател на тимот Иван Газидис. За потсетување токму Газидис пред половина година му врачи отказ на Бобан, откако во интервју Хрватот го нападна претседателот дека му работи зад грб.

Бобан и Малдини почнаа со процес на подмладување на тимот, но откако тоа не донесе инстант резултати Газидис мораше да се одлучи да се раздели со еден од двоецот, а на крајот одлуката падна на Бобан поради меѓусебниот конфликт.

Сепак, се очекува на недоразбирањата да им биде ставен крај и Звонимир Бобан на „голема врата“ да се врати во тимот од „Сан Сиро“.

Се вчитува...