Академија Пандев загуби од младинците на Шахтјор Доњецк

Тимот на Академија Пандев е единствениот македонски второлигаш кој се подготвува во Анталија, а денеска одигра пријателски натпревар со младинскиот тим на Шахтјор Доњецк и загуби со 3-1. Вториот состав на Шахтјор е секако квалитетен, и тоа го докажа на дуелот против лидерот на табелата во Втората лига.

И покрај поразот, информациите се дека тимот на Академија Пандев бил сепак рамноправен ривал, а единствениот погодок е дело на искусниот Драган Начевски.

Се вчитува...