Алекс Сандро останува во Торино, ќе го одбие Челси

Бразилскиот интернационалец Алекс Сандро ќе остане во редовите на италијанскиот првак Јувентус и подготвен е да потпише нов договор со „старата дама“. По заминувањето на Леонардо Бонучи и на Дани Алвеш, Јуве не може да си дозволи да продаде уште еден стандарден член на одбраната, па раководството му понуди нов договор, со многу подобри услови.

Според италијанските медиуми, Јувентус му нуди 4 милиони евра по сезона, што е значително зголемување од досегашните 2,8 мииони евра, колку што заработуваше Алекс Сандро. Англискиот првак Челси му нуди 6 милиони евра годишно, но тој е подготвен да ја одбие таа понуда и да остане во Торино.

Се вчитува...