Ангола најавува брза игра против Македонија, но имаат еден проблем…

mec baner

Репрезентацијата на Ангола претрпе убедлив пораз од Словенија на стартот од шампионатот, а во сабота ги очекува дуелот со Македонија. Селекторот на Ангола Алесандре Диого Мачадо, најави дека ќе се обидат да наметнат брза игра, но и се пожали на еден проблем што го има неговиот тим – тешко се привикнуваат на студот во Мец.

„Одигравме тежок меч со Словенија. Целта ни беше да примиме што помалку голови, но не успеавме да се одбраниме. Во следното коло не очекува натпреварот со Македонија. Ќе се обидеме да одиграме брз натпревар. Брзата игра со многу трчање е наша одлика. Не одигравме така против Словенија, но се надевам дека ќе бидеме подобри против Македонија. Имаме проблем со повредите, но и со аклиматизацијата овде во Мец. Тешко се прилагодуваме на ниските температури. Се подготвуваме во Португалија каде што беше топло, а овде е многу ладно за нас“ – изјави селекторот на Ангола.

Се вчитува...