Антиќ: Имам минато со ПАО, свирежите уште повеќе ме мотивираат - Екипа
Сакај СПОРТ!   Читај Спорт!   Живеј СПОРТ!
Ekipa
Топ Вести
Фудбал
19/09/2017 12:25
Фудбал
19/09/2017 11:51
Фудбал
19/09/2017 11:20
Коментари
18/09/2017 13:09

Антиќ: Имам минато со ПАО, свирежите уште повеќе ме мотивираат

Антиќ: Имам минато со ПАО, свирежите уште повеќе ме мотивираат

Македонскиот кошаркарски ас Перо Антиќ се наоѓа на еден чекор до нов пласман на фајналфор турнирите во Евролигата. Фенербахче два пати во три дена успеа да слави на гостувањето во Атина против Панатинаикос, слатки победи за Антиќ, кој најголемите успеси во својата кариера ги одбележа во дресот на Олимпијакос.

Тој на вчерашниот меч влезе во конфликт со Синглтон и доби свирежи од публиката, кои потоа му послужија на Македонецот за уште поголема мотивација.

Навивачите ми се лути, ние имаме минато и тоа е нормално. Сепак, јас сакам да играм вакви натпревари, свирежите само уште повеќе ме мотивираат“ – истакна Антиќ.

Македонецот не го криеше разочарувањето од односот на раководството на Панатинаикос и навредите што пристигнаа кон кошаркарите на Фенер од самите челници на грчкиот клуб.

Видовме како бевме третирани од страна на претседателот на ПАО и неговите најблиски пријатели и соработници. Ќе дојдат во Истанбул и ќе видат како треба да се третираат гости“ – порача искусниот крилен центар.

Тој е свесен дека Фенербахче има огромна предност по првите два меча, но посочи дека мора да се биде максимално сконцентриран до конечната реализација на целта наречена фајналфор.

„Дојдовме овде знаејќи колку е тешко, дојдовме да се бориме. Одигравме два меча, два пати победивме, но сега во Истанбул треба да играме како да е 0-0. Ќе продолжиме да се бориме и на домашен терен, верувам во пласман на фајналфорот во Истанбул, на кој повторно ќе имаме огромна поддршка од трибините како и на наредниот дуел со Панатинаикос“ – истакнува Перо Антиќ.

Advertisement

Редакцијата на Екипа се оградува од сите коментари со навредлива и заканувачка содржина што ќе ги пласираат читателите. Воедно, бара од сите свои читатели да се воздржат од навреди по национална и верска основа. Таквите коментари ќе бидат повлечени.