„Аѕурите“ без Кјелини против Шпанија и Израел

Дефанзивецот на Јувентус, Џорџо Кјелини, поради повреда нема да биде достапен за селекторот Џампјеро Вентура, за претстојните квалификациски натпревари против репрезентациите на Шпанија и на Израел. Според информациите од италијанските медиуми, стоперот на „старата дама“ при подготовките почувствувал болки во долниот дел од десната нога, па му било препорачано да  мирува.

Медицинскиот тим потврди дека фудбалерот ќе отсуствува од натпреварите на Италија, а големи се шансите да не биде подготвен и за дуелот против Барселона закажан на 12. септември, со кој Јувентус ја отвора сезоната во Лигата на шампионите.

Кјелини во најскоро време треба да се врати во тренинг кампот на Јувентус, каде ќе започне со процесот на опоравување.

Се вчитува...