Балотели ја одржува Ница во трката за шампионската титула во Франција

Марио Балотели ја одржува Ница во трката за шампионската титула во Франција. Италијанскиот голгетер беше двоен стрелец во победата на Ница од 1-2 на гостувањето против Лил во 32. коло од Лига 1.

Ница имаше и негатива на почетокот од дуелот, по погодокот на Амаду во 14. минута за водство на Лил. Но, потоа на сцена стапи Балотели кој со два погодоци, во 17. минута и во 45. минута, донесе пресврт уште по првото полувреме.

Lille vs Nice 1-2 ~ All Goals by Sports_HD

Со овие три бода, Ница има 70 бода, искачувајќи се на втората позиција на табелата со бод предност во однос на ПСЖ. На чело е Монако со 71 бод. Но, и ПСЖ и Монако имаат по два натпревари помалку од Ница.

Се вчитува...