Бане Ивановиќ со нетрпение го чека дуелот со Вардар

Одбранбениот фудбалер на Зенит, Бранислав Ивановиќ, во пресрет на дуелот против Вардар, во рамките од Лигата на Европа, вели дека со нетпрение ја чека средбата со нашиот национален шампион. Во групата Л, покрај Вардар и Зенит за пласман во нокаут фазата ќе се борат и Реал Сосиедад и Розенборг, а српскиот репрезентативец знае дека сите натпревари ќе бидат исклучително тешки.

„Групата е навистина тешка. Сите екипи се сериозни конкуренти, колку и да не делуваат така на прв поглед. Според мене, во сите шест натпревари ќе треба добро да се испотиме за посакуваните бодови, а јас сум најмногу ги чекам дуелите со македонскиот првак Вардар.  Добро го познавам клубот од екс-ју просторите, а бидејќи се дебитанти, сигурен сум дека со сите сили ќе се трудат да остават позитивен впечаток на фудбалска Европа. Тоа значи дека ќе биде тешко да се игра против нив“, вели искусниот Ивановиќ.

Се вчитува...