Барди го пропушта стартот на сезоната во Примера? - Екипа
Сакај СПОРТ!   Читај Спорт!   Живеј СПОРТ!
Ekipa
Кошарка
12/12/2017 22:01
Ракомет
12/12/2017 17:39
Ракомет
12/12/2017 11:00
Коментари
11/12/2017 12:49

Барди го пропушта стартот на сезоната во Примера?

Барди го пропушта стартот на сезоната во Примера?

Енис Барди е вистински хит во тимот на Леванте во трансферот од Ујпешт, па токму затоа во таборот на шпанскиот прволигаш се во исчекување на резултатите од последните лекарски прегледи врз македонскиот репрезентативец.

Имено, Барди за време на вчерашниот пријателски меч со Елче, на кој постигна нов еврогол од слободен удар, заработил повреда на ногата поради што морало предвреме да биде повлечен од игра.

Според првичните информации од шпанските медиуми станува збор за проблеми со мускулот, а во следните 24 часа ќе бидат извршени детални прегледи по кои ќе биде познато кога тренерот на Леванте повторно ќе го има Македонецот на располагање. Сепак, мали се шансите тој да биде „фит“ за стартот на сезоната во Примера дивизион закажан за следниот викенд и мечот од првото коло во кој Леванте ќе го пречека Вилјареал.

Advertisement

Редакцијата на Екипа се оградува од сите коментари со навредлива и заканувачка содржина што ќе ги пласираат читателите. Воедно, бара од сите свои читатели да се воздржат од навреди по национална и верска основа. Таквите коментари ќе бидат повлечени.