Барди: Слушнав за интересот од ПСЖ, Интер… но фокусиран сум само на Леванте!

Шпанските медиуми неодамна пренесоа информација дека скаути на ПСЖ, Интер и Сандерленд ги следеле натпреварите на Леванте во Примера, фокусирајќи се и на македонскиот репрезентативец Енис Барди.

Барди, пак, сега во изјава за „ДигиСпорт“ признава дека е среќен за интересот од големи европски клубови за него, но потенцира дека единствено во моментов е фокусиран на игрите на Леванте и ништо друго…

„Секако мило ми е што екипи како ПСЖ, Интер или Сандерленд пројавувале интерес за мене, но единствена моја цел оваа сезона е да напредувам што е можно повеќе во дресот на Леванте. Фокусиран сум само на игрите во Примера дивизијата која ми е најомилена лига. Ако некогаш променам лига, тогаш мора да нагласам дека носам големи симпатии за англиската Премиер лига. Но, ќе повторам, без разлика на интересот од одредени екипи оваа сезона единствено размислувам на што поквалитетни изданија за Леванте“ – вели Барди.

Се вчитува...