Барселона без проблеми до полуфиналето од Копа дел реј

Барселона успешно ја стартуваше одбраната на титулата во Копа дел реј, откако тимот на нашите Кире Лазаров и Борко Ристовски рутински славеше во денешното четвртфинале против Хуеска со резултат 32-19.

Разликата во квалитет беше огромна, што му овозможи на Чави Пасквал да одмори дел од првотимците и да им даде шанса на играчите кои вообичаено поголемо време минуваат на клупата за резерви. Хуеска колку-толку парираше се до 15. минута, кога Барса имаше водство од 6-4, за потоа каталонскиот гигант да заигра далеку поефикасно во нападот, на пауза да замине со 16-8, a на крајот да триумфира со конечни 13 гола разлика.

Кире Лазаров постигна два гола од вкупно три обиди, Борко Ристовски влезе во игра во финишот од ова четвртфинале и имаше три успешни одбрани, а најдобар стрелец при лесната победа на Барселона беше Сипжак со шест постигнати погодоци.

Се вчитува...