Блокотехна тргнува и во авантурата наречена БИБЛ - Екипа
Сакај СПОРТ!   Читај Спорт!   Живеј СПОРТ!
Ekipa
Кошарка
23/11/2017 21:55
Фудбал
23/11/2017 20:53
Кошарка
23/11/2017 19:42
Фудбал
23/11/2017 19:31

Блокотехна тргнува и во авантурата наречена БИБЛ

Блокотехна тргнува и во авантурата наречена БИБЛ

Екипата на Блокотехна покрај дебитантскиот настап во Првата македонска лига прифати и меѓународен предизвик во првата година од своето постоење. Иако во игра беше и настап во АБА2 лигата, раководството на амбициозниот клуб од Гевгелија реши да биде дел од БИБЛ-лигата, во која настапот ќе го почне со денешниот домашен натпревар против Тирана.

БИБЛ за разлика од претходните сезони го промени системот на натпреварување, па повеќе нема групи туку сите екипи ќе играат по лигашки систем, a покрај Блокотехна нашата земја ќе има уште еден претставник, тимот на Куманово.

Клубот од Гевгелија ја стартуваше домашната сезона со убедлива победа на градското дерби со Кожув, но во Блокотехна очекуваат потешка задача на денешната пресметка со Тирана.

Албанскиот тим за разлика од претходната сезона значително се засили, меѓу другите и со македонскиот репрезентативец Брчков. За нас ова е прва сезона и цел ни е да се претставиме во што подобро светло. Ќе видиме како ќе се одвиваат работите, сигурно желба ни е да завршиме меѓу најдобрите четири, но свесни сме дека за тоа ќе треба напорно да се работи низ целата сезона“ – изјави тренерот Марјан Илиевски во пресрет на денешниот меч и регионалното деби на Блокотехна.

Advertisement

Редакцијата на Екипа се оградува од сите коментари со навредлива и заканувачка содржина што ќе ги пласираат читателите. Воедно, бара од сите свои читатели да се воздржат од навреди по национална и верска основа. Таквите коментари ќе бидат повлечени.