Богдановиќ по МВП наградата веќе во ТОП 3 „руки ѕвезди“ во НБА

Српскиот кошаркар Богдан Богдановиќ, по добивањето на МВП наградата на „Ол-стар“ мечот на „ѕвездите во раст“ направи голем скок на „руки“ пласманот во НБА лигата.

НБА лигата еднаш месечно го објавува пласманот на новајлиите во лигата според квалитет, а на најновиот Богдановиќ се најде на третото место.

Годинашната „руки класа“ е преполна со извонредни кошаркари, идни ѕвезди. Пред Богдановиќ на листата се само Бен Симонс од Филаделфија и Донован Мичел од Јута, а зад него сега се Кајл Кузма од ЛА Лејкерс, Џејсон Тејтум од Бостон, но и Денис Смит од Далас.

Богдановиќ на 55 одиграни натпревари во НБА лигата просечно бележи 11,5 поени, со 3,2 асистенции и 2,7 скока.

Се вчитува...