Богдановиќ со тројка од 9 метри ја завери победата на Сакраменто… (ВИДЕО)

Сакраменто славеше против Мајами со 123-119, по продолжение, во еден од синоќешните четири дуели во НБА лигата.

Одлучувачките поени за триумф на Сакраменто ги постигна српскиот репрезентативец Богдан Богдановиќ кој на една минута пред крајот погоди тројка од околу девет метри за недостижни 119-115.

Богдановиќ мечот го заврши со 14 поени, притоа дополнето и со по три скока и асистенции. Најефикасен во победничкиот тим беше Хилд со 24 поени, а ветеранот Зек Рендолф дополни со 22 поени.

Мајами беше предводен од Горан Драгиќ со 33 поени, а 22 поени дополни Вејн Елингтон.

Во останатите мечеви, Вашингтон славеше на гостувањето против Бостон со 124-125, исто така по продолжение, Орландо го победи Милвоки со 126-117 а Голден стејт беше подобар од ЛА Лејкерс со 117-106.

Се вчитува...