Челси и Манчестер сити го „ловат“ Коман за преселба во Премиер – лигата

Актуелниот италијански шампион Јувентус се надева дека нивниот играч, Кингсли Коман, кој е веќе две години во Баерн Минхен на позајмица, нема да потпише целосен договор со „баварците“, со цел да заработи повеќе од неговата продажба. Јасно е дека Јуве и Баерн имаат договор во кој стои дека Коман по двегодишната позајмица има опција да биде купен од германскиот тим за сума од 20 милиони евра, но сето тоа да биде реализирано до 30. април.

Карл Хајнц Румениге неодамна изјави дека Коман сигурно ќе остане на „Алијанц арена“ , но работите се сменија откако Јувентус доби вртоглави понуди за младиот Французин. Понудите се од Англија, поточно од Челси и Манчестер сити, кои се подготвени да платат и до три пати повеќе од договорената цена на италијанскиот и германскиот клуб.

Моменталниот лидер во Премиер – лигата, тимот на Челси, е подготвен да одвои 60 милиони евра за 20-годишниот Коман, додека „граѓаните“ засега понудиле 50 милиони евра.

Шансите да се откаже Баерн Минхен од талентираниот крилен напаѓач сепак се минимални. Многу пореално би било Баерн Минхен да го откупи договорот, па потоа да се обиде да го продаде, со оглед дека и тие би можеле значително да заработат, од понудите на Челси и на Сити.

Се вчитува...