Челси сакал да го купи Игуаин, Јуве одбил 100 милиони евра

Англискиот првак Челси не може да се помири со ’загубата’ на Ромелу Лукаку, кој одлучи да замине во Манчестер јунајтед, иако беше речиси договорено неговото враќање на „Стемфорд бриџ“, па менаџерот Антонио Конте се обидува да го пронајде вистинското решение за да доведе нов квалитетен голгетер. Тој понудил 100 милиони евра за Аргентинецот Гонзало Игуаин, но Јувентус го одбил овој предлог.

Игуаин имаше фантастична сезона во дресот на Јувентус по доаѓањето од Наполи, па раководството на „старата дама“ за ниедни пари не сака да се раздели со напаѓачот, посебно што веќе замина еден важен член од тимот, Леонардо Бонучи, кој се пресели во ривалот Милан.

Се вчитува...