Четири гола на Меси, петта победа за Барса, а Еибар доби „шестка“

Барселона продолжува со максимален ефект во Ла Лига. Каталонскиот тим го совлада Еибар со 6-1 на „Камп Ноу“, а Лионел Меси беше стрелец дури на четири погодоци за својот состав. Во листата се запишаа и Паулињо и Денис Суарез, а покрај тоа тренерот Ернесто Валверде и го одмори првиот напаѓач Луис Суарез.

Еибар играше офанзивно на „Камп Ноу“, постигна погодок во 57.минута преку Серхио Енрих, а двапати ја погоди и рамката од голот на Барселона, но немаше доволно среќа за уште некој погодок.

Барселона има максимални 15 бода по пет кола, во моментот дури седум повеќе од Реал Мадрид, кој утре го пречекува Бетис на „Сантијаго Бернабеу“.

All Goals & Highlights HD – Barcelona 6-1 Eibar… by arcturusmedia33

Се вчитува...