Де Бур: Децата од Ајакс подобро ја разбираа мојата филозофија отколку „ѕвездите“ на Интер

Поранешниот тренер на Интер, Франк Де Бур тврди дека играчите на Интер воопшто не се труделе да ја сфатат неговата филозофија, секој од нив поединечно правел што сака, па токму затоа не успеал да го доведе тимот во ред.

„Во Интер имав повеќе проблеми, не беше во прашање само јазичното недоразбирање. Никако не можев да го воспоставам ред и да ги пренесам моите идеи кај играчите. Но тоа не беше моја вина, вистински хаос се случуваше во тимот, секој играч правеше што сака. На тренинзите веднаш се откажуваа од моите методи, не ја сфаќаа  мојата цел, а многу се трудев да ги натерам да играат со посед на топката, но тие едноставно не ме слушаа. Дури децата од Ајакс подобро ја разбираат мојата филозофија од „ѕвездите“ на Интер“, вели Де Бур.

Холандскиот стратег беше доведен како замена за Роберто Манчини кој го напушти кормилото на „нероаѕурите“ непосредно пред почетокот на сезоната 2016/2017, но на чело на стручниот штаб издржа само неколку месеци поради лошите резултати.

Се вчитува...