Џими Батлер го реши Мемфис, 12. трипл-дабл на Харден

Часовникот на семафорот ја одбројуваше последната минута на натпреварот помеѓу Мемфис и Чикаго. При резултат 102-102 се разигра Џими Батлер кој до тогаш имаше скромен учинок од 12 поени. Крилото на Чикаго Булс ги презеде работите во свои раце, двапати погоди од полудистанца и ја украде топката во последниот напад на домаќините а конечни 108-104.Покрај Батлер, најмногу се истакна Даг Мекдермот со 31 поен.

[vionvideo url=”http://ekipa.mk/video/9f504db516f7ae665ec0a0b16a068a8c.mp4″]

Хјустон експресно го реши Бруклин со 137-112 и, очекувано, најефикасен кошаркар беше Џејмс Харден. „Брадата“ одново забележа трипл-дабл ефект овој пат од 22 поени, 11 скокови и исто толку асистенции. За Харден ова беше 12. трипл-дабл.

Трипл-дабл оствари и Расел Вестбрук, негов 20. во оваа сезона водејќи ја Оклахома во новата победа над Сакраменто со 122-118. Вестбрук запиша 36 поени, 11 скокови и 10 асистенции.

Во победата на Детроит над ЛА Лејкерс најефикасен беа Тобијас Херис и Маркус Морис со по 23 поени додека Драмонд запиша 15 поени и 17 скокови. Кај Лејкерс со 10 поени двоцифрен беше Рендл.

[vionvideo url=”http://ekipa.mk/video/b191951879e682373bd0833469e5dfa2.mp4″]

Се вчитува...