Димчевски: Го избрав Гостивар поради сериозноста на проектот

Ивица Димчевски од денеска и официјално е нов член на Гостивар, откако ексрепрезентативецот го стави својот потпис на едногодишниот договор со новиот прволигаш. Откако ја мина ланската сезона во дресот на Кожув, Димчевски доби понуди од неколку македонски прволигаши, од кои ја избраа токму онаа на гостиварци.

Верувам дека го направив вистинскиот избор со потписот за Гостивар. Имав неколку понуди, но го избрав Гостивар поради сериозноста на проектот и желбата на управата на клубот да им даде шанса на македонски играчи, како и на неколку млади кошаркари. Очекувам добро да се вклопам во тимот, се надевам дека ќе немам проблеми со повреди и ќе можам да дадам придонес за остварување на клупските цели. Пред се би сакале да обезбедиме влез во Супер-лигата, а потоа и да се обидеме да влеземе меѓу најдобрите четири тима“ – истакна Димчевски по потписот со гостиварци.

Се вчитува...