Драгиќ: Не можев веќе да трчам, но тимот секогаш е поголем од поединецот

Горан Драгиќ по фантастичното прво полувреме немаше сили да продолжи во ист ритам и во преостанатите 20 минути. Пред самиот крај тој беше преселен на клупата од страна на селекторот Кокошков, по што во негово отсуство Словенија нанижа десет поени и стигна до победата.

Што е Словенија? Европски шампион!“, извика Драгиќ пред насобраните медиуми, по што даде и свој осврт на големото финале: „Во второто полувреме имав грчеви, не можев да трчам. Пред финишот веќе бев истрошен и селекторот беше во право што ме замени, но овој тим е феноменален, од прв до последен играч. Јас на можев, Лука беше повреден, но тука беа Препелич, Видмар, Блажич и останатите. Чувството е неверојатно, сите сме горди, ова е тимска победа, трофеј од нас за цела Словенија. Тоа беше наш најголем квалитет во текот на целото првенство, свеста за колективната одговорност, без ниту ронка љубомора и завист“ – истакна Драгиќ.

Се вчитува...