Словенија оствари фантастичен успех со триумфот над Летонија, пласирајќи се во полуфиналето од Евробаскет 2017. Горан Драгиќ веќе најави дека на крајот од овој шампионат ќе ја заврши и репрезентативната кариера, но токму затоа кај одличниот плејмејкер мотивацијата е на највисоко ниво, со што подобар пласман да се прости од националниот тим.
„Одигравме добар натпревар, презадоволен сум како момците се покажаа. Сега ми треба пиво за да се одморам, а потоа пак во војна“ – изјави Драгиќ кој го заврши четвртфиналето со 26 поени и осум асистенции.
Следен предизвик за Словенците е полуфиналето против актуелниот европски првак Шпанија.
„Шпанците се фаворити, но ние одиме без притисок да ја одиграме нашата игра, како и досега. Ова е вторпат во историјата Словенија да стигне до полуфинале. Никогаш ништо немаме освоено, но ако Бог даде, тоа ќе се промени годинава“ – оптимист е Горан Драгиќ.
Крадењето авторски текстови е казниво со закон. Преземањето на авторски содржини (текстови и фотографии), како и нивно линкување НЕ е дозволено без согласност од Редакцијата на ЕКИПА