Дракслер влезе и веднаш даде гол за ПСЖ (видео)

Само триесетина минути во дресот на ПСЖ беа доволни за фановите на овој клуб да се уверат во квалитетите на најновото засилување – Џулијан Дракслер. „Светците“ славеа со преубедливи 7-0 во Купот на Франција над Бастија, но најголема радост меѓу фановите предизвика погодокот на Дракслер, кој влезе во игра во 59. минута на местото на Рабио, за во самиот финиш велемајсторски да втрча зад противничката одбрана, па потоа и да го „легне“ голманот пред да ја смести топката во мрежата.

Дефинитивно, добар предзнак за засилувањето што францускиот првак го плати огромни 45 милиони евра, а кое треба да биде значаен адут во битката за титулата во која „светците“ заостануваат зад Ница и Монако.

[youtube id=”YPLe7QdQzWk” width=”640″ height=”380″]

All Goals & Highlights HD – PSG 7-0 Bastia 07… by arcturusmedia33

Се вчитува...