Една добра, една лоша вест за Реал Мадрид - Екипа
Сакај СПОРТ!   Читај Спорт!   Живеј СПОРТ!
Ekipa
Коментари
11/12/2017 12:49
Ракомет
11/12/2017 11:00
Меѓ. Фудбал
10/12/2017 19:26
Кошарка
10/12/2017 19:35

Една добра, една лоша вест за Реал Мадрид

Една добра, една лоша вест за Реал Мадрид

Продолжуваат проблемите на Реал Мадрид со повредите на првотимците. Голманот Кејлор Навас се здоби со повреда на мускулот од десната нога на натпреварот Хондурас – Костарика.

По препорака од докторот на Реал, Навас  го пропушти вториот меч на својата селекција против составот на Панама, а нема да биде во составот на „кралевите“ за дуелите со Хетафе в сабота, и Тотенхем во Лигата на шампиони, меч закажан за вторник, 17 октомври. Костариканецот се приклучува на Бејл, Карвахал, Ковачиќ, Бензема, Марсело и Тео Ернандез, „тимот“ од повредени фудбалери на Реал.

Сепак, и не е се така црно за Реал и Зидан. Вирусната инфекција на Дани Карвахал, која му правеше проблеми при работата на неговото срце, е успешно отстранета по терапијата која Шпанецот ја конзумираше по препорака од медицинскиот тим на „кралевите“. Засега не се знае уште колку ќе отсуствува Карвахал од терените, но од клубот тврдат дека нема да брзаат со неговото опоравување, за да не се случат дополнителни компликации.

 

Advertisement

Редакцијата на Екипа се оградува од сите коментари со навредлива и заканувачка содржина што ќе ги пласираат читателите. Воедно, бара од сите свои читатели да се воздржат од навреди по национална и верска основа. Таквите коментари ќе бидат повлечени.