Ефес му се поклони на Петар Наумоски (ФОТО+ВИДЕО)

Анадолу Ефес не го заборава придонесот на Петар Наумоски во историјата на овој клуб, па на полувремето од вечерашниот меч од Евролигата со Емпорио Армани на свечена церемонија официјално беше повлечен дресот што нашиот поранешен репрезентативец го носеше за оваа екипа. „Седумката“ на актуелниот претседател на МКФ заминува во историјата, во салата во Истанбул гласно се скандираше „Петар Наумоски“, јасно ставајќи до знаење дека не се заборавени четирите домашни титули, но и единствениот европски трофеј во клупската историја, оној во Купот на Радивоје Корач во 1996 година.

Наумоски одржа и пригоден говор, при што со овации беше поздравен од присутните, пред и официјално неговиот дрес да биде кренат под покривот на арената каде ги имаше најблескавите моменти во својата кариера.

naumoski grupna

dres naumoski 6

dres naumoski 7

dres naumoski 8

pece 2

pece tribini

naumoski dres2

Се вчитува...