Барди поради повреда го пропушта мечот со Севилја во Ла Лига

Македонскиот интернационалец Енис Барди нема да биде во составот на Леванте за утрешниот натпревар против Севилја во рамките на Ла Лига. Тој оваа седмица се пожали на повреда на мускулот на ногата, па тренерот Хуан Муњиз мораше да го изостави од конкуренција за важниот дуел против Севилја на домашен терен.

Леванте нема победа на последните три натпревари во Ла Лига, а во моментот се наоѓа на 15.позиција на табелата со 16 бода, четири повеќе од Алавес, кој е во зоната за испаѓање.

Се вчитува...