Фелипе: Ни требаат навивачите како 12-ти играч за триумф против Шкендија

По паузата поради настапите на репрезентациите, продолжението од домашниот шампионат во сабота од 14:30 часот се одбележува и со дерби пресметката меѓу Вардар и Шкендија на националната арена „Филип Втори“ во Скопје.

Во дербито од 10. коло „вардарци“ без калкулации атакуваат на победата против Шкендија како би се доближиле до врвот, активно вклучувајќи се во трката за одбрана на шампионската титула.

„Играме против првопласираниот тим на табелата. Шкендија има многу добар и силен тим, но ние сакаме да победиме и со три бода да им се доближиме на првата позиција. Исто така и Вардар е силна екипа и верувам дека ќе оствариме победа, и на некој начин ќе им вратиме за поразот во првото коло. Играме на домашен терен, ја поканувам публиката да дојде во поголем број и да биде 12 играч на ова дерби за да дојдеме до трите бода“ – вели Фелипе во изјава за официјалната интернет страница на клубот.

Фелипе се надева дека серијата на победи во првенството ќе продолжи и на ова дерби…

„Не само против Шкендија, туку против секој тим секогаш одиме на победа. Секој натпревар во овој шампионат е важен за повторно да ја освоиме титулата. Нашата цел е да бидеме на првото место на крајот од сезоната и затоа на овој натпревар како и на сите одиме на три бода“  – вели Бразилецот.

Се вчитува...