Фени се екипира: Магдевски, Петровски, двајца Американци, Србин…

Челниците на Фени индустри долго време беа тивки околу составувањето на екипата за новата сезона, за кавадарчани да се екипираат во пресрет на првиот тренинг закажан за среда. По Предраг Пајиќ и Горјан Марковски, на останување во Кавадарци се согласија и репрезентативецот Андреј Магдевски, како и искусниот Јане Петровски, кои потпишаа нови договори со Фени. И за двајцата кошаркари постоеше сериозен интерес од уште неколку екипи од Македонија, но сепак ја прифатија понудата на Фени индустри и во следната сезона ќе бидат дел од тимот на тренерот Љупчо Малинков.

Кавадарчани во пресрет на првата прозивка договорија и тројца странски кошаркари, и тоа двајца Американци и еден Србин. Нови членови на Фени индустри се Стефон Блер, Шахид Дејвис и Адам Мирковиќ, со кои овој клуб ќе ја стартува новата натпреварувачка сезона.

Дејвис (23 години, 206 см), настапува на позицијата крилен центар и доаѓа од бугарскиот прволигаш Академик, додека Блер e центар кој ланската сезона ја минал во Белгија, како дел од екипата на Алстар. Што се однесува до Адам Мирковиќ, српскиот интернационалец е висок 199 сантиметри и игра на крилната позиција, ланската сезона носејќи го дресот на српскиот прволигаш Тамиш.

Се вчитува...